Вести

Се излеа реката Ламбро во близина на Милано

Се излеа реката Ламбро во близина на Милано

Поради обилните врнежи во Милано и северниот италијански регион Ломбардија, изутрината е активиран одводниот резервоар на реката Севесо, додека реката Ламбро се излеа од коритото, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Локалните власти соопштија дека од 3 часот наутро по локално време во финансиската престолнина на Италија наврнале околу 35 до 40 мм дожд.

Паркот околу реката што минува покрај Милано е поплавен и наредена е евакуација на две општини во околината.

Според метеоролозите, во текот на денешниот ден се очекува подобрување на времето.

To top