Нов ден, нова пародија од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ. По небулозните црвените линии, смислија мигранти кои ги имаше само во нивните глави. Откако ги подиспразнија мислите/главите со иљачот на Фрле Помладиот, измислија (им смисли пак Фрле Постариот) луциден атак врз слободата на говорот и и се пожалија на Кацарска. затоа што заштитникот Коцевски мораше да избега од позицијата. Сега, партијата која може да напише дело со формат на „Војна и мир“ се фати за 2,3% поскапување на струјата.
Многу „стручно“ објаснија, најверојатно благодарение на силното искуство на двајцата Ковачевси (Таче и Васко) и на лидерот Венко со Вицето како можело да се краде струја. Едниот е во бегство за криминалите милионски во ЕСМ, другиот чека за фотоволтаиците на жена му, Лотарија си е е башка, третиот е лидер на партиај на заминување, четвртиот можеби е кај брата си во Дубаи.
Во време кога народот добро се сеќава колкави сметки за струја плаќаше во време на власт на СДС, се и се поради колапсот и неспособноста да менаџираат со електроенергетските капацитети и зашто крадеа како да не виделе и со криминалните тендери со кои се богатеа, за саде седум години власт, СДС ја поскапе струјата за 50%. Добро е што не се и нема да бидат на истата никогаш повеќе.
Интересно е што над 50 нивни функционери се со кривични пријави, меѓу кои и Васко Ковачевски кој е во бегство со украдените пари. Тука не изостанува ниту претседателот на, сега душегрижникот СДС, Венко Филипче. 130.000 евра и Ауди А8, кое во меѓувреме го продал пустиот, и каква е неговата врска со Енис Колашинац кој ЕСМ го снабдуваше со јаглен за време на власт на СДС и бугарската фирма.
Арно ама, тоа не ги спречува да го натопорат генсекот на Венко кој никој не го познава (не му го ставаме името за да видиме кој ќе се сети), да си го каже она што Фрчко Сениор („новиот“ пи-ар стратег на уште „поновата“ СДС) му го напишал:
„Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра?
Кој профитира од увозот на струја?
Кој заработува додека народот плаќа?
Одговроност мора да има!
Работата не е завршена!“
Многу срцепарателно, особено во време кога ЈО ќе мора дфа почне да ги вади преметите за СДС/ДУИ криминалот од фиоките на Коцевски…

