Вести ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ преку Јакимовски упорно фаворизираат фирма на пратеник за изградба на висококатници кај „Алумина“, за ВМРО-ДПМНЕ вакви постапки се недозволиви“

Од најавената зелена агенда на ДУИ поминаа две години и истата според нејзините функционери се исполнува со ставање на ракавици, земање пластични кеси и чистење на јавните површини, ама само пред камери. Сега истата таа зелена агенда ја спроведуваат заедно со СДС, ама сега истата таа агенда ја сфаќаат како бетонизација на просторот кај „Алумина“ во Карпош, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и ДУИ преку Јакимовски упорно фаворизираат фирма на пратеник за изградба на висококатници кај „Алумина“, за ВМРО-ДПМНЕ вакви постапки се недозволиви“

Сега ДУИ и СДС преку градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски го фаворизираат пратеникот од власта, сопственик на „Пуцко Петрол“ да гради кај „Алумина“, а бизнисот е во висина од 600 милиони евра.

Со деталниот урбанистички план не се согласува никој, ниту граѓаните, ниту експертската јавност, освен екипата СДС-ДУИ-Јакимовски. Оттука очигледно е дека тие ја фаворизираат фирмата „Пуцко Петрол“ и изградбата на висококатниците оти имаат интерес.

За екипата СДС-ДУИ е јасно само дека тие ги следат личните и партиските интереси, а не ги слушаат граѓаните. Во целата оваа ситуација како изведувач се јавува градоначалникот на Карпош кој очигледно исто ќе има корист.

Во однос на тоа како се одвива целиот процес во врска со случувањата околу просторот кај „Алумина“ едно е јасно дека дел од тие 600 милиони колку што тежи бизнисот кој се фаворизира ќе заврши во приватни џебови.

Сомнителни фаворизирања на било која фирма за ВМРО-ДПМНЕ се недозволиви, стои во соопштението на партијата.

To top