Американските власти синоќа објавија дека ќе испратат оружје во вредност од 275 милиони долари за „да и помогнат на Украина да ја одбие руската офанзива во близина на Харков“.
Опремата, е од американските воени залихи, вклучува муниција за ракетниот систем Химарс, артилериски гранати, ракети и противтенковско оружје, соопшти американскиот Стејт департмент, додавајќи дека оружјето и е „итно потребно“ на Украина.
Тоа е петта пратка со помош одобрена од претседателот Џозеф Бајден откако Конгресот го усвои пакетот помош од 61 милијарда долари кон крајот на април, рече државниот секретар Ентони Блинкен.
Тој додаде дека помошта испратена претходно веќе пристигнала на фронтот.