Република Општина Куманово

Засадени над 130 садници на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово

Како дел од проектот, исто така поставена е и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци-информираше Димитриевски.

Засадени над 130 садници на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово

Насадени се над 130 садници долж булеварот „Трета МУБ“ во Куманово, информираше денеска градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. Садниците се садат во рамки на проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, кој се имплементира преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион во партнерство помеѓу општините Куманово и Ќустендил.

-Како дел од проектот, исто така поставена е и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци-информираше Димитриевски.

Во рамки на инвестицијата „Зелена урбана површина и заедничка градина во Куманово“, претходно во СОУ „Перо Наков“ поставени беа летниковци, украсни канделабри, клупи, корпи за отпадоци и пешачка патека. На локација „Октомвриска револуција“ насадени се дрвја и изработен дренажен канал кај спортската сала. Проектните активности ќе продолжат да се спроведуваат и на булеварот „3 МУБ“, плоштад „Маршал Тито“ и ЈУОУД „Проф. Мијалковиќ“, а ќе бидат уредени и мали урбани градини на трите кружни текови.

Во рамки на проектот ќе се изградат дождовни градини и ќе се воведат одржливи системи за одводнување, со што ќе се подобри управувањето со дождовните води, намалувајќи го ризикот од локални поплави, а ќе бидат засадени и 740 декоративни цвеќиња. Во Куманово се работи на пет локации во градот „Октомвриска револуција“ каде што веќе се насадени 220 високо-квалитетни дрвја над два метри, на „Трета МУБ“ каде се насадени 130, во средно училиште економско училиште ќе има десет садници, во техничкото училиште 16 садници. (МИА)

To top