Република инфраструктура

Започна реконструкцијата на улицата „Благој Стоименов“ во Делчево

-Овој проект е дел од пошироката програма на Општината за подобрување на локалната инфраструктура, со која чекор по чекор создаваме поквалитетни услови за сите граѓани и современ урбан изглед на нашиот град“, истакна Трајковски.

Започна реконструкцијата на улицата „Благој Стоименов“ во Делчево

Во Делчево започна целосна реконструкција на улицата „Благој Стоименов“. Пред реализацијата на градежните активности, на оваа улица беше изграден нов водоводен систем, со што е обезбедена квалитетна подземна инфраструктура.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој изврши увид во работите изјави дека со овие зафати на жителите им се овозможуваат подобри услови за живеење и побезбедно одвивање на сообраќајот.

-Овој проект е дел од пошироката програма на Општината за подобрување на локалната инфраструктура, со која чекор по чекор создаваме поквалитетни услови за сите граѓани и современ урбан изглед на нашиот град“, истакна Трајковски.

Средствата за реконструкцијата се обезбедени од буџетот на Општина Делчево, а изведувач на работите е фирмата „Атеа“.

To top