На уште една локација почна да се работи во новата градежна сезона.
Станува збор за изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, што е проект од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука.
Денеска локацијата ја посетија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, а од одговорните за проектот беа
информирани со текот на работите.
Станува збор за отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор и тоа терени за ракомет, кошарка и одбојка со вкупшна површина од 1311 м2.
Проектот предвидува поставување и на тартан подлога со дебелина од 13 милиметри, а вкупната асфалтна површина ќе биде на 2081 м2.
Околу терените ќе биде направена и пешачка патека во бехатон на површина од 294 м2, асфалтирање на пристапниот дел до игралиштата, паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема.
Вкупната сума на проектот е 15.507.414 денари.
И ова училиште се приклучува кон другите основни училишта кои ќе имаат нови спортски терени, што е заложба на општината учениците да имаат модерни и современи услови за спортските активности.