Заматена е водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови, информира попладнево јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци. Апелираат до граѓаните водата да се преврива пред употреба.
– Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање потребно е да се преврива. Во корелација со Центарот за јавно здравје Кавадарци, состојбата се следи и дополнително ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата, вечат од „Комуналец”.