Република ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Заедно со народот ќе ги поразиме за да заврши агонијата со автопатот

Заедно со народот ќе ги поразиме за да заврши агонијата со автопатот

Заедно со народот ќе ги поразиме за да заврши агонијата со автопатот.
Во Македонија со неспособната и неодговорна власт на СДС и ДУИ владее целосен хаос и народот е сосема во право кога вели дека немаме држава.
Главните виновници за агонијата со неградењето на автопатот Кичево-Охрид не само што предизвикаа удар врз туризмот и економијата, туку и создадоа смеа и подбив.
Никогаш помалку и побавно не се градело и никогаш не се градело вака неквалитетно и неплански.
Главна одлика им е нефункционалноста и се експерти за анекси на договори за зголемување на цената од 374 милиони до над 600 милиони евра и за пролонгирање, самите си ги задаваа роковите, самите тие ги пробиваа.
Потрошија два мандата и не можеа да го довршат, не реализираа ниту 20 % дополнителна градба, а за жал продолжуваат да се губат човечки животи.
Дали како предавничка власт ги казнувате охриѓани затоа што доживеавте катастрофален пораз на локалните избори и за тоталното фијаско кое ви следува?
Кажете што ветивте и што реализиравте како проект за бенефит на охриѓани?
По изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прекинеме агонијата на автопатот и се обврзуваме со силно темпо и ангажираност до крајот на 2026 година да биде пуштен во употреба.
Охриѓани веќе јасно се одлучни за промени и на централната власт.
Затоа важно е да ги поразиме токму заедно со народот!
Да ги поразиме затоа што Македонија заслужува подобро!
Никогаш не било полошо, важно е да се промени власта и да си ја вратиме државата!

Перчо Божиновски,
Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Најнови вести од Република

To top