„На неколку часа сме пред Новата година, a старата за момент ни донесе ново новогодишно зимско руво. Снегот кој го имавме во текот на ноќта беше вистински украс на преубавата предновогодишна Битола. Ќе биде ладно, но топло во нашите срца.
Изминатите десетина дена верувам дека уживавте во она што ја донесе годинашната „Зимска приказна“, многу забава, музика, дружби, нови познанства, пријателства, на сите локации каде што прославуваме.
Време е заедно да одбројуваме и да ја дочекаме новата година. А има ли поубаво место од епицентарот на забавата-платото пред величествениот Офицерски дом.
Денов изминува со детска програма за нашите најмлади и убава дружба со музичката програма во Старата чаршија.
Ве поканувам вечера заедно да празнуваме, да се веселиме, да се дружиме на главната сцена.
Вечерната програма пред Офицерскиот дом започнува во 20:30. На почеток забава со Борче Наумовски, потоа „Кабаре за раѓањето и вечноста“, „Баркод бенд“ и од 23:00 до 1:00 часот по полноќ со групата „Нокаут“.
Оттаму ќе ги испратиме планинарите и љубителите на планината кои традиционално и годинава ќе бидат први на први на врвот „Пелистер“.
Да бидеме заедно, обединети, во новогодишно заедништво.
Се гледаме вечерва пред Офицерскиот дом.“