Република Општина Велес

Во Велес по третпат ќе се одржи „Winterfest“

Магијата почнува дома, најавија организаторите.

Во Велес по третпат ќе се одржи „Winterfest“

Во пресрет на Новодишните и Божиќните празници од 26 до 30 декември во Младински парк во Велес ќе се одржи третиот „Winterfest“ што го организира Општина Велес.

Незаборавно доживување, празнична магија, многу забава и дружење со новогодишен базар, музика, маскоти, греено вино, храна и изненадувања за најмалите, најави денеска градоначалникот Марко Колев.

Програмата ќе биде наменета за сите генерации,а со оваа третто издание на „Winterfest“, Велес влегува на мапата на познати Новогодишно-Божиќни базари, а кои се одржуваат насекаде во Европските центри.

Исто како и минатата година така и оваа Младински парк ќе биде местото на кое велешани ќе можат да пазарат на базарот со рачни изработки,новогодишни подарци и украси да шетаат во убаво украсениот новогодишно парк.Воедно и да се стоплат со топли напивки, како и вкусат храна и да се засладат со колачи.

Магијата почнува дома, најавија организаторите.

Инаку јавниот повик на Општина Велес до сите заинтересирани за поставување на новогодишна тезга за „Winterfest“ веќе заврши.

Најнови вести од Република

To top