Република

Во Велес одбележани 121 година од сoлунските атентати на Гемиџиите

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, претседателот на Совето, Зоран Љутков, со членови на Советот на Општина Велес, членови на семејствата на Гемиџиите, претставници од локални институции, граѓански организации и политички партии им оддадоа почит на Гемиџиите, а беа обновени и буквите на имињата на спомен плочата веднаш до споменикот.

Во Велес одбележани 121 година од сoлунските атентати на Гемиџиите

Со положување на цвеќе на споменикот на Гемиџиите во Велес денеска беа одбележани 121 година од сoлунските атентати на Гемиџиите.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, претседателот на Совето, Зоран Љутков, со членови на Советот на Општина Велес, членови на семејствата на Гемиџиите, претставници од локални институции, граѓански организации и политички партии им оддадоа почит на Гемиџиите, а беа обновени и буквите на имињата на спомен плочата веднаш до споменикот.

– 121 година саможртва за Македонија. Да се биде од Велес, значи да се расте слушајќи за Гемиџиите. Длабоко во нас е вкоренета нивната саможртва, како пример за љубов кон татковината. Денес се потсетуваме на Солунските атентатори и се гордееме со нивната големина. 121 години подоцна нивното дело сѐ уште жубори во нас и нѐ задолжува да продолжиме со нивниот аманет, порача Колев.

На обновената спомен плоча повторно се читаат имињата на Јордан Поп Јорданов – Орцето, Димитар Мечев – Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, Павел Шатев, Марко Бошнаков и Цветко Трајков.

Под слоганот „Се арчиме за Македонија“ група млади интелектуалци од кои поголемиот дел биле велешани кои се нарекле „Гемиџиите“, на крајот на април 1903 година направиле серија динамитни акции на јавни објекти во Солун и при тоа внимавале да нема ниту една жртва, а според претходниот договор на групата, саможртва за својата сакана татковина Македонија да бидат тие самите. Целта им била да го свртат вниманието на Европа за Македонија поробено под турско ропство.

Најнови вести од Република

To top