Република

Во Василево започна изградба на ново спортско-рекреативно катче

Како што информира Андонов, во рамки на овој проект ќе се реконструира и постојното игралиште односно ќе бидат поставени нови стативи, мрежи, ќе биде одбележано и оградено со метални столбчиња и во најбрзо време ќе се асфалтира и улицата покрај самото спортско катче со што овој дел од Василево ќе го добие заслужениот изглед.

Во Василево започна изградба на ново спортско-рекреативно катче

Во населеното место Василево започна изградбата на ново спортско-рекреативно катче  кое со планираните содржини ќе одговори на современите потреби на живеење на жителите од ова населено место.

Лоцирано е во близина на постојното мало игралиште на улицата што води кон  излезот од Василево во правец на  11-ти Септември.

Градоначалникот на општина Василево, Саве Андонов, споделувајќи ја информацијата за овој проект преку својот ФБ профил, меѓу другото напиша:

„Започна да се гради ново спортско-рекреативнио катче во населеното место Василево. Ова е место кое за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија. Изградбата на ова рекреативно катче опфаќа: изградба на детско игралиште со нови модерни содржини; опрема за вежбање и рекреирање; нов парк и нови зелени површини,  нова урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци)“.

Како што информира Андонов, во рамки на овој проект ќе се реконструира и постојното игралиште односно ќе бидат поставени нови стативи, мрежи, ќе биде одбележано и оградено со метални столбчиња и во најбрзо време ќе се асфалтира и улицата покрај самото спортско катче со што овој дел од Василево ќе го добие заслужениот изглед.

Овој проект ќе се реализира во рамките на проектот Програма за развој на заедницата кој е финансиран од УСАИД, а се имплементира на територијата на ЛАГ Беласица – Огражден (Локална акциона група – Беласица-Огражден), во партнерство со Мрежата за рурален развој на Македонија.

Пред нешто помалу од две години во населеното место Чанаклија, со истите партнери, успешно беше реализран проектот Изградба на парк во с. Чанаклија.

To top