Вкупно 267 болни и изнемоштени лица се пријавиле да гласаат во домашни услови во Струга и струшко за вториот круг од претседателските избори и 281 за парламентарните, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.
Според него, во тек е преземањето на избирачкиот материјал од страна на избирачките одбори, по што ќе следи гласањето на болните и изнемоштени лица во нивните домови.
Тој посочи и дека 62 затвореници од општина Струга ќе гласаат низ затворите во цела држава.
Општинската изборна комисија во Струга, посочи, е подготвена за претстојните парламентарни и претседателски избори.
На територијата на општина Струга граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право на 101 избирачко место.