Република Граѓаните навреме да побараат помош

Во штипската Клиничка болница отворен регионален Центар за менаџирање на обезност

– Со отворањето на овој центар пациентите имаат каде за прв пат да се обратат, односно каде да бидат третирани нивните коморбидитети. Покрај обезноста, која знаеме дека не е само натрупување на масно ткиво во организмот, туку е придружено со останати заболувања, како дијабетес тип 2, хормонални нарушувања, метаболен синдром и ова претставува значајна придобивка за пациентите од овој источен регион и за нивното здравје – вели Докузова.

Во штипската Клиничка болница отворен регионален Центар за менаџирање на обезност

Во Клиничка болница-Штип денеска свечено беше отворен  регионалниот Центар за менаџирање на обезност. Центарот е сместен во просториите на поранешната модуларна болница, а на пациентите од Штип и источниот регион ќе им нуди здравствени услуги доколку имаат проблем со вишок килограми. Од двете лекарки специјалисти по ендокринологија ќе добијат стручни совети, насоки и третман на едно место. Наместо сами да се снаоѓаат, пациентите тука ќе добијат поддршка, како да ослабат и да го подобрат здравјето. Целта е луѓето навреме да почнат да се грижат за себе и да спречат посериозни здравствени проблеми. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека со отварањето на центарот се олеснува пристапот до помош и се подобрува грижата за населението во регионот.

-Ова е втор центар во Македонија, кој што е отворен во внатрешноста на државата. Првиот ми се чини дека е во Општа Болница- Прилеп. Овој ќе биде регионален центар за цела источна Македонија, се додека не се надогради некој друг центар, рече Захариев.

Стојка Докузова специјалист ендокринолог во Клининичка болница-Штип додава дека со отварањето на центарот за обезносност ќе ги постигнат и препораките кои ги имаат од Светската здравствена организација за подигнување на свеста кај населението.

-Со отворањето на овој центар пациентите имаат каде за прв пат да се обратат, односно каде да бидат третирани нивните коморбидитети. Покрај обезноста, која знаеме дека не е само натрупување на масно ткиво во организмот, туку е придружено со останати заболувања, како дијабетес тип 2, хормонални нарушувања, метаболен синдром и ова претставува значајна придобивка за пациентите од овој источен регион и за нивното здравје, вели Докузова.

Специјалистите интернисти и ендокринолози велат дека пациентите ќе треба да доаѓаат подготвени, со упат, закажан термин и основни лабораториски анализи, со цел да добијат целосна и прецизна проценка на состојбата. Тие предупредуваат дека обезноста се повеќе се шири и се смета за болест, па затоа е важно навремено да се подигне свеста и да се започне со соодветен третман.

-Пациентите кои што ќе бидат прегледувани во центарот за обезност е потребно да бидат закажан на „Мој термин“ и покрај упатот од матичен лекар е неопходно да носат со себе и основни лабораториски анализи. Во посебен фокус ќе ни биде гликемијата на гладно, тромесечниот шеќер или гликоризираниот хемоглобин. Лабораторијата ќе треба да содржи ензими од црниот дроб, ќе треба да содржи липиден статус, вклучително со добар и лош холестерол. Дополнително бубрежната функција со урични киселини. Во овој центар за обезност ќе се проценува тежината на обезностa, истакнаи Валентина Велковска специјалист ендокринолог во Клиничка болница-Штип.

Таа додава дека преваленцата на обезноста расте насекаде во светот, па и кај нас. Во светот едно од осум лица живеат со обезност. Поради големиот број на пациенти и во земјава и во странство, обезноста се смета за болест.

Ирфан Ахмети, директор на Клиника за ендикринологија во Скопје додава дека со отворањето на центарот во Клиничка болница Штип, се очекува да се подобри пристапот до стручна помош за граѓаните од источниот регион. Надлежните апелираат граѓаните навреме да побараат помош и повеќе да внимаваат на своето здравје. (МИА)

To top