Фондација за развој на образование и култура „Албиз“ денеска во Штип ги презентираше позитивните искуства од проектот „Платформа за инвестиции во заедницата“.
Координаторката на проектот Албиез Куртише истакна дека Фондацијата „Албиз“ функционира со поддршка од бизнис секторот и токму овој модел сакат да го применат и во други сфери.
-Преку овој проект сакаме да се зајакне соработката меѓу бизнис секторот, јавните институции и невладиниот сектор. Сакаме да видиме каква е состојбата и во другите градови. Проектот се имплементира во Скопје, Тетово, Дебар и Струмица, вели Куртише.
Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница-Штип истакна дека за да се подобрат работите на оваа тема треба да се донеси новиот Закон за донации и спонзорства, со којшто на бизнис секторот ќе им се олесни полесно да донираат средства на фондации, јавни институции, здруженија. Тој посочи дека со овој закон ќе се овозможи административната процедура за донации и спонзорства.
-Досега најголем проблем кај донирањето беше административната процедура, којашто е прилично сложена и бизнис заедницата не е многу заинтересирана да ги користат даночните поволности, вели Шарковски.
Посочи дека со новиот закон се забрзува целата административна процедура за бизнис секторот кој сака да донира или спонзорира. (МИА)