Акција за дезинсекција против комарци ќе се спроведе на територија на општина Штип во вторник, 11 јуни. Од Општината информираа дека ќе се реализира втора тереистичка дезинсекција и трета ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците.
Во соопштението од Општината се наведува дека во периодот од 01 до 04 часот наутро ќе се изврши адултицидната (терестичка) дезинсекција и од 05 до 07 часот ларвицидната дезинсекција.
– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети на територијата на општина Штип, информираа од Општината.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден. Од Општината апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.