Република Едно небо за сите деца

Во Прилеп се одржа Божиќен ручек за 500 деца

Убаво е да се дружиме со децата. Во новата година јас посакувам многу здравје, среќа и љубов и да бидеме здрави и живи. Не сакам ништо материјално, мене ми треба само љубов, рече десетгодишниот Давид Котески од Прилеп, кој беше на заедничкиот Божикен ручек.

Во Прилеп се одржа Божиќен ручек за 500 деца

Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божиќен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање.

-Убаво е да се дружиме со децата. Во новата година јас посакувам многу здравје, среќа и љубов и да бидеме здрави и живи. Не сакам ништо материјално, мене ми треба само љубов, рече десетгодишниот Давид Котески од Прилеп, кој беше на заедничкиот Божиќен ручек.

Божиќниот ручек под мотото „Едно небо за сите деца“ по јубилеен, 20-ти пат го организира невладината „Детска амбасада за сите деца во светот“.

– Атмосферата е прекрасна. Имаме деца од Прилеп, од Битола, Охрид, Струмица, од Скопје, Тетово и од други места, од различни целни групи и од сите верски конфесии. Целта е децата да не познаваат разлики меѓу нив, да има толеранција и да растат другарството и заедништвото, рече Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината „Детска амбасада за сите деца во светот“ со седиште во Прилеп.

Епископот Велички Никола го благослови ручекот и рече дека ние возрасните треба да побараме прошка од децата и да го направиме светот подобар.

-Како што денеска дојдовме во храмовите да се поклониме на богомладенецот Христос, така дојдовме овде да се поклониме над чистотата и убавината на детската возраст, и, како возрасни, да побараме прошка од децата бидејќи светот кој ние го создадовме не е баш најубав и уште многу можеме да правиме, секој од нас, најпрво преку личното преобразување и да направиме овој свет што им го оставаме на идните генерации да биде подобар, порача епископот Велички Никола.

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски нагласи дека оваа традиција локалната самоуправа ја поддржува и на децата им подели новогодишни пакетчиња.

-Остануваме поддржувачи на овој настан и се надевам дека ваквата детска радост ќе ја има одбележи целата 2026 година, рече Проданоски.

На свеченоста беа поделени плакети и признанија на сите што го поддржуваат овој настан, носител на Орденот на мирот што се доделува секоја година, годинава е за Гордана Нацева.

Најнови вести од Република

To top