Своето право на глас денеска во Пилеп го остваруваат 455 болни и изнемоштени лица, 68 штитеници во Домот за стари „Киро Крстескески – Платник“ и 104 затвореници во Казнено поправниот дом.
Навреме е подигнат избирачкиот материјал за гласање на болните и изнемоштени лица и на затворениците, потврдуваат од општинската изборна комисија.
Во Домот за стари каде правото за глас го остваруваат 68 штитеници, гласањето почна навремено во 7 часот и се одвива непречено.
– Бројот на штитеници кои денска гласаат е ист како и во првиот круг и се од 21 општина. Гласањето е навремено и без никакви проблеми, рече Магдалена Лазоска, претседателка на Избирачкиот одбор.
Во Прилеп во единствениот Избирачки список се запишани 62 169 избирачи за вториот круг на претседателските избори и 62 271 гласачи за парламентарните избори.
Утре ќе се гласа на 142 избирачки места.