На 02.08.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во Виница кај градските гробишта настанал пожар на парцела, сопственост на М.С. (76) од Виница, а потоа огнот се проширил и ја опожарил соседната нива, сопственост на В.Л.(67) од Кочани, каде изгореле околу 150 корени лозје и околу 2 метри кубни греди. Повредени лица нема, соопшти МВР.
Од Територијалната противпожарна единица Виница пожарот бил изгаснат.
-Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница и се преземаат мерки за расчистување на случајот, потенцираат од МВР.