Во Кавадарци утре ќе гласаат 110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа ,,Др.Јанески” во кавадаречкото село Чемерско, информираше денеска Емилија Петровска, претседателка на кавадаречката општинска изборна комисија.
– Согласно на законот, тие ќе гласаат утре, ден пред изборите за претседател на државата во среда. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска за МИА.
Таа појасни дека немаат пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така би можеле да гласаат во текот на утрешниот ден. (МИА)