Република модерен и фунционален

Во Гевгелија се реализираат три проекти за модерен влез во градот

Ова е еден од најзначајните инфраструктурни зафати во изминатите години. Станува збор за важна сообраќајна артерија на којашто не се направени зафати повеќе од 50 години, стои во изјавата на Сарамандов.

Во Гевгелија се реализираат три проекти за модерен влез во градот

Со реализација на три проекти Гевгелија ќе добие нов, модерен и фунционален влез. Започната е изградбата на брзодинамичен кружен тек со современи сообраќајни решенија, дислокацијата на каналот „Рауљ“ и изградбата на нов мост до селото Мрзенци, соопштија од Општината.

Во пренесената изјава на градоначалникот, Андон Сарамандов, се наведува дека проектите кои се реализираат се мошне значајни за Гевгелија.

– Ова е еден од најзначајните инфраструктурни зафати во изминатите години. Станува збор за важна сообраќајна артерија на којашто не се направени зафати повеќе од 50 години, стои во изјавата на Сарамандов.

Инаку, реконструкцијата на натпатникот со делот од булевар „Гевгелија“, како и овие три нови проекти, се очекува да имаат сериозен импакт во развојот на економијата, како и туристичките потенцијали на градот.

To top