Република Месецот на книгата

Во библиотеката „Искра“ во Кочани отворен 18. Саем на книгата

Саемот на книгата во билиотеката „Искра“ ќе биде отворен до 9 ноември, а граѓаните ќе можат да го посетат во период од 10 до 18 часот.

Во библиотеката „Искра“ во Кочани отворен 18. Саем на книгата

Под мотото „Сакам бистар ум, затоа читам!“ во библиотеката „Искра“ денеска беше отворен 18. Саем на книгата, како дел од активностите за одбележување на Месецот на книгата.

На штандовите се претставуваат 13 издавачки куќи, што се меѓу најпознатите и најреномирани во државата, а со кои кочанската библиотека соработува подолг период. Присутните на Саемот ги поздрави градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој ја отвори манифестацијата.

-Во време на една дигитална трансформација, во време на едно современо општество на дигитализација и технолошки напредок, ова е еден сериозен предизвик да се вратиме на книгата, да се вратиме на читањето, кое сепак не излегува од мода. Затоа благодарност до сите 13 издавачки куќи кои земаат учество, кои нудат свои наслови од различни жанрови, кои заеднички со матичната библиотека прават обид да ја негуваат навиката за читањето и да го промовираат читањето и љубовта кон книгата, истакна градоначалникот Папазов.

На отворањето на Саемот на книгата, беше претставена авторката Фросина Пармаковска, која за својот роман „Сè уште можам нешто да сторам“ е овогодишна добитничка на „Рациновото признание“.

Саемот на книгата во билиотеката „Искра“ ќе биде отворен до 9 ноември, а граѓаните ќе можат да го посетат во период од 10 до 18 часот.

To top