Република локални избори 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваме изградба на 5 нови детски градинки со капацитет за 700 дечиња во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром, велат во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваме изградба на 5 нови детски градинки со капацитет за 700 дечиња во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром, велат во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

За таа цел имајќи предвид дека општина Аеродром е општина во кои градинките се преполни со деца и ги надминуваат капацитетите за сместување, ветуваме во следниот четири годишен мандат изградба на 5 детски градинки, и тоа во населбите Долно Лисиче, населба Лисиче, Јане Сандански, Мичурин, како и Острово со капаците на вкупно 700 дечиња.

Со ова ќе го решиме проблемот на престој на дечињата и ќе ја намалиме листата на чекање. Ќе обезбедиме модерно уредени детски градинки по највисоки стандарди, каде што најмалите ќе можат да ги добијат најдобрите услови на згрижување, воспитно-образовни активности како и развивање на социјалните вештини.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром за локалните избори нуди мерки за сите категории на граѓани, од најмалите до највозрасните.

Идниот градоначалник Дејан Митески и советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ со проекти и работа ќе обезбедат подобра иднина за сите граѓани.

Општина Аеродром мора да продолжи да се гради и развива.

Ги повикуваме аеродромци на 19 октомври масовно да излезат за поддршка за Дејан Митески и листата за советници предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да заокружат 9.

За твојот човек

За твоето место.

За твојата иднина.

Направи го вистинскиот избор. Заокружи број 9, се ве ли во соопштението на владејачката партија.

Најнови вести од Република

To top