Вкупно 175 болни и немоќни лица се пријавени за гласање денеска во Неготино за вториот круг од претседателските изботи и за гласањето на парламентарни избори, како и едно лице од куќен притвор. За ова информираше Елизабета Камчева, претседател на неготинската општинска изборна комисија.
– За тоа колку денес ќе изгласаат тоа се уште не знаеме, бидејќи гласањето се уште се одвива. Податоци ќе имаме подоцна, соопшти таа.
Согласно законот, овие лица гласаат денеска, ден пред изборите што ќе се одржат во текот на утрешниот ден.
Во Демир Капија 66 лица се пријавени за гласање во текот на денешниот ден, информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК.