Република 80-годишен јубилеј

Вечер во Гевгелија почнуваат чествувањата за Денот на ослободувањето

Како што информираат од Општината, настанот е концепиран во два дела.

Вечер во Гевгелија почнуваат чествувањата за Денот на ослободувањето

Вечер во Гевгелија почнуваат осумдневните чествувања по повод 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија.

Имено, во Народниот театар – Гевгелија, ќе биде отворена Изложбата проследена со концерт „Без вретено, песна исткаена“, во организација на Етнокореолошкиот оддел при Домот на културата „Македонија“- Гевгелија.

Како што информираат од Општината, настанот е концепиран во два дела. Првиот е изложба на плетива и ткаеници, како и делови од традиционалната облековна култура – народните носии. Во вториот дел ќе се претстават студенти од Одделот за етнокореологија на Музичката академија при УГД – Штип со концерт на традиционални вокално – инструментални изведби од повеќе етнички предели.

To top