Република Посебен сообраќаен режим

Важно известување за граѓаните од Гостивар

-Соработката на граѓаните во овој процес во голема мера ќе помогне да се обезбеди проектот да биде завршен навреме и без одложувања, велат од општина Гостивар.

Важно известување за граѓаните од Гостивар

Општина Гостивар ги известува граѓаните дека согласно договорот за реконструкција на булеварот „Браќа Ѓиноски“ градежните работи ќе започнат оваа сабота, поточно на 26.04.2025 година.

Со почетокот на теренските работи ќе има посебен сообраќаен режим, додека сите возила паркирани покрај булеварот мора навреме да се отстранат за да се обезбеди безбеден развој на работите.

Режимот првично важи за десната страна на булеварот од влезот во градот.

-Соработката на граѓаните во овој процес во голема мера ќе помогне да се обезбеди проектот да биде завршен навреме и без одложувања, велат од општина Гостивар.

To top