Утре и задутре во осум општини од Југоистокот ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци, сопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Утре во периодот од 20 часот до полноќ ќе се прска против комарци во општините Валандово, Дојран, Радовиш и Конче, а задутре во Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во периодите кога ќе се прска.