Градежната инспекција при Општина Струмица спроведе акција за отстранување на бесправно изградени објекти во непосредна близина на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“, соопштија од локалната самоуправа.
Се додава дека парцелата е во сопственост на државата и притоа со решителна и транспарентна постапка биле отстранети сите објекти изградени спротивно на законските прописи.
Од Општината наведуваат дека оваа акција е јасна порака дека јавниот интерес и владеењето на правото се приоритет.
-Општина Струмица останува доследна во спроведувањето на законите и заштитата на јавниот простор, а инспекциските служби ќе продолжат со активности и во наредниот период, стои во соопштението од Општина Струмица.