Република ТЦ блок А

Угостителите од Трговскиот центар во Кочани ги отстрануваат терасите од јавната површина

Со него е предвидено сите времени градби што се третираат како бесправни да бидат отстранети на сопствен трошок.

Угостителите од Трговскиот центар во Кочани ги отстрануваат терасите од јавната површина

Од утринава, угостителите на катот во Трговскиот центар – блок А во Кочани почнаа со отстранување на терасите поставени на јавна површина пред нивните локали.

Станува збор за обврска што произлегува од договорот постигнат пред два месеца меѓу градоначалникот Владко Грозданов и сопствениците на угостителските објекти.

Со него е предвидено сите времени градби што се третираат како бесправни да бидат отстранети на сопствен трошок.

Со ова, просторот пред пицериите треба целосно да се расчисти и да стане прооден за пешаците.

Дел од угостителите посочија дека неколку дена нема да работат поради безбедносни причини за гостите, додека други истакнаа дека ќе продолжат со работа во внатрешниот дел, како и со достава и нарачки.

Во иднина, угостителите ќе можат да поднесат барање за користење на јавната површина, но само доколку ги исполнат законските услови. Тоа подразбира поставување подвижни тенди, чадори и опрема без оградување, при што просторот мора да остане отворен од три страни.

Кафулињата на приземјето веќе ги отстранија застаклените делови од јавната површина, додека нивните тенди остануваат.

Од општината најавуваат дека оваа мерка ќе важи за сите угостителски објекти во Кочани, со цел поголем ред и слободен пристап на јавните површини. (МИА)

Најнови вести од Република

To top