Република сообраќајна контрола

СВР Тетово: Санкционирани 18 пијани возачи, сите исклучени од сообраќај

СВР Тетово: Санкционирани 18 пијани возачи, сите исклучени од сообраќај

Секторот за внатрешни работи Тетово со несмален интензитет и динамика продолжува со континуираните мерки и активности за поголема сообраќајна безбедност на патиштата на тетовско-гостиварското подрачје.

-Вчера и денеска (2/3 февруари) од 22 до 4 часот спроведе уште една акциска контрола на возачите – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани се вкупно 18 возачи (ТЕ-14 и ГВ-4) кои ги управувале возилата под дејство на алкохол, од кои кај најголемиот број (10) биле измерени до еден промил алкохол во организмот, односно крвта, а кај 2(ТЕ) до два промили алкохол. Сите возачи – прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, на 13 времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои за овој вид прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, биле санкционирани и 29 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-13), информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, бидејќи алкохолот ја намалува нивната способност за нормално и безбедно управување на возилата, а со тоа ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Секторот за внатрешни работи Тетово со повик и потсетување на возачите задолжително да користат зимска опрема, но и да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно ако патуваат кон Попова Шапка, Стража и Маврово. На тој начин возачите непосредно ќе придонесат за поголем ред и безбедност во сообраќајот на подрачјето и за намалување на сообраќајните несреќи со посериозни последици.

To top