Денеска Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и СВР Охрид, го реализираа превентивниот проект „Новогодишни лампиони за среќна Нова година”.
Во рамки проектот што стартуваше во 2008 година, полициските службеници на симболичен начин, на охриѓани и гостите кои во Охрид, ќе ги прославуваат новогодишните и Божиќните празници, им подарија новогодишни лампиони како знак за пријателство и добредојде со желби за среќна и успешна Нова година.
Притоа, полициските службеници на возачите на моторни возила, ги потсетија на потребата од внимателно управување на возилата, почитување на сообраќајните правила и прописи, некористење алкохол и мобилни телефони при управување со моторни возила со што, ќе дадат свој придонес за зголемена сообраќајна безбедност, стабилен јавен ред и мир и поволна безбедносна состојба за време на Новогодишната ноќ.