Република благодарница

Стефковски: Навистина претставува задоволство да се прими благодарница од граѓаните!

Навистина претставува задоволство да се прими благодарница од граѓаните! Изминатите две години имам примено голем број на благодарници, но можам слободно да кажам дека оваа за мене е највредна, бидејќи произлегува од народот, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Некаде во кампањата, есента 2021 година бев во посета на улица 5 во Стајковци. Улицата беше во катастрофална состојба, целата во кал, а дел од луѓето оставени и без приклучок на водоводната мрежа. Тогаш го сретнав Јонче кој крајно разочаран ми кажа: “Како и сите пред тебе и ти ќе ни ветуваш, а по изборите од ветувањата ќе нема ништо. Ние ќе си живееме во кал и без вода. Како Јонче така и сите останати жители на улица 5 во Стајковци беа безнадежни дека воопшто може подобро. Во септември оваа година по претходно извршена реализација на проектот за поврзување на водоснабдување на оние домаќинства кои беа без вода, извршивме асфалтирање на улицата. Пред некој ден Јонче ме контактираше и побара да дојде на средба во општината и таа средба ја оддржавме утрово. Јонче ми додели благодарница од жителите на улица 5 во населеното место Стајковци и ми кажа: “Градоначалник го оддржавте дадениот збор и ние граѓаните ви ја доделуваме оваа благодарница, истакна Стефковски.

Нема за мене поголемо признание од тоа кое доаѓа од народот, од граѓаните! Му благодарам на Јонче и на сите жители од улица 5 во Стајковци. Ова за мене претставува дополнителен мотив да продолжам да работам за доброто на граѓаните и народот, додава Стефковски.

Најнови вести од Република

To top