Средношколци и вработени во гимназијата „Добри Даскалов“ даруваа крв во крводарителска акција во Кавадарци. Акцијата беше во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација – Кавадарци и ИТМ Скопје, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.
– Во оваа крводарителска акција, доброволно даруваа крв, 24 крводарители, собрани се 24 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците и вработените од училиштето, бидејќи низ годините наназад во гимназијата се спроведуваат успешни крводарителски акции, потенцираа од Црвениот крст.
Оттаму упатија голема благодарност до учениците и нивните професори, кои несебично ја прифатија оваа акција и даруваа крв за да спасат живот.