Република Општина Штип

Штип ќе гради спомен обележје во чест на загинатите штипјани во пожарот во кочански „Пулс“

Програмата на 16 март во понеделник започнува во 18.30 часот со прием на гости и поставување камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на Градскиот плоштад „Слобода“.

Штип ќе гради спомен обележје во чест на загинатите штипјани во пожарот во кочански „Пулс“

Општина Штип на 16 март, денот на одбележување на една година од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ ќе постави камен темелник за изградба на спомен обележје кај малата фонтана на Градскиот плоштад „Слобода“.

Во рамките на спомен обележјето ќе има пет гулаби и еден ангел, а ќе бидат изгравирани и имињата на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов, кои загинаа во пожарот во „Пулс“.

Од Општината велат дека Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта.

Програмата на 16 март во понеделник започнува во 18.30 часот со прием на гости и поставување камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на Градскиот плоштад „Слобода“. Потоа, од 18.40 до 19.10 часот ќе следува палење свеќи во чест на сите починати.

Во 19.10 часот ќе се одржи кратка пригодна Програма посветена на жртвите, додека настанот ќе заврши во 19.30 часот со симболично „ѕвездено небо“ – момент кога присутните ќе ги вклучат светилките од своите мобилни телефони, испраќајќи порака дека светлината постои дури и во најмрачните денови.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се приклучат и заедно да испратат порака на љубов, сеќавање и единство – затоа што, како што велат, Штип не заборава.

To top