Садници, зелени површини, план за зелена инфраструктура се дел од тековните активности кои се спроведуваат во Куманово преку проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, финансиран во рамки на прекуграничниот проект помеѓу Куманово и општина Ќустендил, информираа денеска од општината. Проектот има за цел да создаде одржлива функционална врска помеѓу природните и планираните елементи на зелениот систем во урбанизираната прекугранична средина Ќустендил – Куманово.
-Преку проектот, функционалност на зелената инфраструктура ќе се обезбедат повеќекратни придобивки за населението – од подобрување на квалитетот на воздухот и подобрување на урбаните целини до промовирање на еко-иновации и одржлив урбан развој. Во исто време, природната средина ќе биде зачувана и развиена, создавајќи поздрава и попријатна урбана средина за жителите, информираа од општината.
Водечки партнер е Ќустендил, Република Бугарија, партнери се Општина Куманово, Република Македонија и Центар за развој на Третиот североисточен регион, Република Македонија.
Главни активности на проектот се создавање зелени урбани површини и јавни градини во Ќустендил и Куманово, развој на стратегија и план за зелена инфраструктура, градење капацитети и обука на специјалисти, информативни кампањи за промоција на зелени практики.
Проектот ќе обезбеди голем број придобивки за локалните заедници од подобрување на социјалните и еколошките услови до имплементација на иновативни решенија за одржливо урбано управување.
Како што наведуваат проектот ќе се спроведува до 31. декември, а општина Куманово добива приближно 300.000 евра (298.529,91 евра)
Во рамки на проектот во Куманово ќе се изгради зелена површина за управување со дождовницата (зелени улици/дождовни градини) кај спортската сала во Куманово, ќе се создадат два алпинума во средното училиште „Перо Наков“ и поставување на урбана опрема.
-Садење на 220 дрвја по должината на два километарскиот булевар „Октомвриска револуција“ со поставување на клупи и канти за отпад, 137 дрвја по должината на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ со поставување на клупи и канти за отпад, поставување на зелен ѕид на паркингот на плоштад „Маршал Тито“ со систем за наводнување капка по капка, хортикултурно уредување, засадување на 16 дрва во дворот на техничко училиште, училиштен дом „Професор Мијалковиќ“, Куманово, информираа од општината.