Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот, изјави Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово.
-Со години тој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки. Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на овој патен правец.Тоа значи темелна обнова на подлогата, комплетно нов асфалт и нова модерна сигнализација, вели Ружински.
Подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите. Заокружете го бројот 9 за проекти кои не поврзуваат, повика кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово.