Република Општина Прилеп

Проданоски оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија

Продолжуваме да ги зацврстуваме и продлабочуваме нашите билатерални односи и да работиме на подобрување на условите за живот, развој и економски напредок на сите наши сограѓани, додаде градоначалникот Дејан Проданоски.

Проданоски оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија

Вчера во Општина Прилеп градоначалникот Дејан Проданоски оствари значајна протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Н.Е. Метју Лосон. На средбата присуствуваше претседателката на Советот на Општина Прилеп и пратениците од Прилеп во Собранието на Република Македонија.

На амбасадорот и претставниците на амбасадата им ја претставив моменталната состојба и потенцијалите на нашата општина, бизнис климата која ја унапредуваме, тековните и планираните инфраструктурни инвестиции, како и сите поволности што во рамки на локалните ингеренции можеме да ги понудиме на идните инвеститори. Го истакнав и она на што Прилеп отсекогаш се гордеел: традицијата, вредностите и квалитетот што можеме да го понудиме на Европа, соопшти градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Тој потенцира дека од страна на амбасадорот беше презентирана работата на Британската бизнис асоцијација, со јасна определба за зајакнување на деловните врски и поголема поврзаност помеѓу компаниите, можност што отвора пат за нови инвестиции во нашиот регион.

Заедно со присутните пратеници ја отворивме и темата за Договорот за стратешко партнерство помеѓу двете влади, чија реализација опфаќа и капитални проекти од огромна важност, меѓу кои и изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, инвестиции што ќе донесат силен развоен импулс за Прилеп и поширокиот регион, информира Проданоски.

Продолжуваме да ги зацврстуваме и продлабочуваме нашите билатерални односи и да работиме на подобрување на условите за живот, развој и економски напредок на сите наши сограѓани, додаде градоначалникот Дејан Проданоски.

To top