Драган Анастасов од СДС во предизборната кампања за втор градоначалнички мандат на изборите во 2021 година, порача дека до 2023 година ќе го затвори старото јаловиште, или ќе си даде оставка, нови избори немало да чека, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Пробиштип го чека Анастасов да си го исполни зборот и веднаш да си поднесе оставка.
СДС излажа, Анастасов излажа, изборите во мај се шанса за Анастасов да си оди, а граѓаните да гласаат и за градоначалник што ќе го затвори прашањето.
Драган Анастасов не успеа со темелниот проект на неговата кампања и основа за мандат, затоа нека покаже доблест и нека замине.
Јаловиштето е извор на канцерогено загадување со олово, кадмиум, цинк, жива, железо, бакар, арсен, ураниум и хемикалии како бакар сулфат, натриум цијанид, калциум оксид и калциум карбонат, за коешто веќе осум години решението седи во фиока.
Никогаш не било полошо Важно е да ги поразиме!