Прилепското здружение „Маркови точакџии“ интензивно се подготвува за втората по ред планинска велосипедска тура „Ramnište Cave MTB“ што ќе се одржи в недела на 29 септември. Здружението очекува околу 100 учесници од цела Македонија. Тие ќе пристигнат в сабота и камперите ќе бидат сместени во кампинг зоната кај манастирот „Св. Димитрија“ во село Ореовец.
– Очекуваме преку 100 учесници од повеќе велосипедски здруженија од Македонија. Учесниците ќе имаат можност да искусат повеќе типови патеки, од широки патишта па се до „single track, uphill и downhill“, доста брзи но и доста спори сегменти и сето тоа што го прави возењето да биде комплетно уживање. Ќе има четири освежителни пункта каде учесниците ќе може да ја надополнат загубената енергија. По завршувањето на турата следува ручек со превкусна прилепска скара и ладно пиво, како и пригодна лотарија, објаснува Дејан Штаргоски член на здружението „Прилепски точакџии“.
В сабота ќе пристигнат учесниците, а в недела од 9 часот е возењето на велосипедската планинска тура. Ќе се посетат: Плетварско Езеро, Прилепско Езеро, реонот Пештерица, манастирот „Св. Ѓорѓија“, планинарскиот дом Дервен, Борула, селото Крстец, пештерата Рамниште која ќе биде целосно осветлена и завршува повторно во селото Ореовец. Станува збор за средно тешка тура со тежина 7/10, која што е комплетно „off-road“, долга 36 километри со преку 900 метри елевација, на која учесниците ќе имаат можност да искусат повеќе типови патеки, од широки патишта па се до „single track, uphill и downhill“, доста брзи но и доста бавни сегменти и се измеѓу што го прави возењето да биде комплетно уживање.
Со оглед на фактот дека патеката е 100 проценти „off-road“, потребно е технички исправен велосипед, а заштитната кацига е задолжителна. Во текот на турата ќе биде обезбедена техничка помош за санирање на мали дефекти, доколку е потребно. Екипите на службата за Итнаа помош и од ТППЕ -Прилеп ќе бидат присутни во случај на каков било евентуален немил настан.