Од Центарот за управуавње со кризи информираат дека регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарот што беше активен од вчера (14.04.2024) над с.Велушина, односно над с.Остерец на Баба Планина е под контрола (локазиран), но постои само чад и нема опасност од ширење по населени места.
ТППЕ Битола интервенираше со три пожарникари и едно ПП возило, Екипата од ЈП „Национални шуми” – подружница „Кајмакчалан” од Битола денеска не се на терен, стои во информацијата од Центарот за управување со кризи.
Претходно од противпожарната единица на Битола информираа дека по добиена дојава за настанат пожар во претпладневните часови на ден 13.04.2024 година излезено е на терен од страна на ТППЕ Битола со две возила и 6 пожарникари до вечерните часови каде на терен останати се преку ноќта 10-тина членови на ДПД АРХАНГЕЛ кои до раните утрински часови го локализираа.
Во текот на вчерашниот ден на терен беа две возила и 6 пожарникари, припадници на национални шуми и ловџии.
Опасност по националниот парк и населени места нема, а гори сув материјал од лисја и суви гранки кои не претставуваат опасност за проширување и закана по имот и Националниот парк Пелистер, рекоа од противпожарната единица на Битола.