Република РЦУК Куманово

Пожар во семејна куќа во Куманово

Пожарот го зафатил приземниот дел од објектот, причинета е поголема материјална штета. Завршен е во 23: 15 часот, информираа од РЦУК Куманово.

Пожар во семејна куќа во Куманово

Кумановските пожарникари гаселе пожар на семејна куќа на улицата „Ѓуро Пуцар“, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Две противпожарни возила и петмина пожарникари два и пол часа и го гаселе пожар кој избувнал околу 21 часот.

– Пожарот го зафатил приземниот дел од објектот, причинета е поголема материјална штета. Завршен е во 23: 15 часот, информираа од РЦУК Куманово.

Пожарникарите вчера интервенирале и на опожарена сува трева во дворот на напуштена семејна куќа во село Табановце.

Според информациите на ТППЕ Куманово од почетокот на годинава досега имало 45 пожари, претежно на отворен простор.

Најнови вести од Република

To top