Република кровна конструкција

Пожар во просторија на Народна техника во Куманово

Благодарност за брзата реакција на пожарникарите, кои успеаја да го локализираат пожарот и да спречат поголема штета, рече Нешковски.

Пожар во просторија на Народна техника во Куманово

Пожар зафатил кровна конструкција и просторија на објектот на „Народна техника“, соопштија денеска од полицијата, територијалната противпожарната единица и од Фото киноклуб Козјак Куманово.

Пожарот во полицијата бил пријавен во 15:00 часот.

-На улица „Тане Георгиевски“ во Куманово настанал пожар во објект на Сојуз на здруженија на техничка култура – Народна техника на Македонија“. Пожарот е изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово, соопшти полицијата.

Претседателот на клубот, Милош Нешковски, денеска информираше дека е опожарена опрема која клубот ја користел за школата за фотографија односно, темна комора, лабораторија за аналогна фотографија.

-Благодарност за брзата реакција на пожарникарите, кои успеаја да го локализираат пожарот и да спречат поголема штета, рече Нешковски.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица Куманово, интервенцијата траела од 14:55 до 17:10 часот, со едно противпожарно возило и петмина пожарникари

To top