Општините Куманово и Чајетина, Република Србија, ќе соработуваат, претставници од опптините потпишаа Меморандум за соработка, информираше денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димимитриевски.
– По повод ден на град на општина Чајетина (Република Србија) делегација од општина Куманово, предводена од секретарот на општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска беше во посета на оваа општина. Заедно со градоначалникот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ потпишаа меморандум за соработка со цел да се воспостави и стимулира соработката помеѓу локалните самоуправи, размена на искуства и идеи во сите сфери на општествено-економскиот живот, соопшти Димитриевски.
Општинската делегација од Куманово присуствуваше и на свечената седница на општината, отворање на градинка и културните настани организирани по повод на оваа свеченост. Општина Чајетина е дел од златиборскиот регион во Србија, најразвиени гранки на оваа општина се туризмот и угостителството.