Република Битола

Подготовки на ЈУ НП „Пелистер“ за претстојната сезона

Активно работевме на уредување на детската патека наменета за еколошка едукација, а на дел од инфоцентарот поставуваме подно греење кое треба да овозможи попријатен престој за сите посетители, посочи Тошевски.

Подготовки на ЈУ НП „Пелистер“ за претстојната сезона

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ почна со подготовки за претстојната сезона во која се очекува зголемен број посетители и љубители на планината.

Директорот на ЈУНП „Пелистер“-Битола Иванчо Тошевски информира дека изминатиот викенд, екипи на установата ја исчистиле патеката која води до Видиковец кој е на 2.000 метри надморска височина.

-Изминатиот викенд целосно е исчистена кружната патеката која води до Видиковец 2000 м.н.в и отстранети се околу 30-тина дрвја од патеката. Активно работевме на уредување на детската патека наменета за еколошка едукација, а на дел од инфоцентарот поставуваме подно греење кое треба да овозможи попријатен престој за сите посетители. Подготовките за претстојната сезона се во полн ек, посочи Тошевски.

ЈУНП „Пелистер“-Битола во овој период од годината поради високата снежна покривка на планината Баба врши и прихранување на животинскиот свет.

To top