Република Куманово

Почна изградбата на повеќенаменско игралиште во кумановското училиште „Магдалена Антова“

Овој проект има за цел да создаде подобри услови за спортување и забава, што е од големо значење за целата заедница, објави Димитриевски.

Почна изградбата на повеќенаменско игралиште во кумановското училиште „Магдалена Антова“

Почна изградбата на повеќенаменско игралиште во кумановското основно училиште „Магдалена Антова“, информираа денеска надлежните од училиштето. Основците, и генерално младите од населбата Карпош ќе имаат можност да се рекреираат на игралиштето кое се гради со средства обезбедени од општината.

-Во училиштето настава следат околу 700 ученици. Игралиштето долго време го очекуваме, финансирано е од страна на општината. Станува збор за повеќенаменско игралиште наменето за фудбал, кошарка, ќе биде оградено со мрежа, со тартан подлога. Неспоредно е до спортската сала, изјави директорот на „Магдалена Антова“, Живко Стојковски.

Претходно и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски информираше дека проектот вклучува изградба на: ограда на училиштето, од 416 квадратни метри, поставување асфалт од 612 метри квадратни, полиуретанска подлога. На игралиштето ќе има кошеви и голови.

-Овој проект има за цел да создаде подобри услови за спортување и забава, што е од големо значење за целата заедница, објави Димитриевски.

Надлежните од училиштето очекуваат и други проекти за училиштето, меѓу нив поставување на фотоволтаици и реконструкција на фасадата, со што ќе се заштеди на средствата кои се одвојуваат за затоплување на училиштето, но и реконструкција на дотраените тоалети.

Најнови вести од Република

To top