Привршуваат градежните активности за реконструкција на плоштадот Којник во едно од најстарите велешки маала кој секојдневно е збиралиште на жителите.
Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Како што информира денеска градоначалникот Марко Колев, во тек е поплочување со мермерни плочки.
– По завршување со целосното уредување, жителите од овој дел од градот, како и сите велешани ќе добијат уште едно катче за одмор и релаксација, рече Колев.