За досегашната и за идната соработка со Општина Битола во реализацијата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, директорот на фестивалот Димитрија Доксевски и извршниот директор Роберт Јазаџиски имаа средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
На средбата се разговараше за соработката која што Општина Битола како град домаќин ја има со овој прв и најстар фестивал за филмска камера во светот, како и за идните планови за следното 47-мо издание, со цел организирање на уште поуспешно издание и достоен пречек на гостите на фестивалот.
Во знак на благодарност, на градоначалникот, првите луѓе на фестивалот „Браќа Манаки“ му врачија плакета со мотив од плакатот за 46-то издание чиј автор е познатиот македонски, а светски сликар Киро Урдин.