Република охрид

Пецаков присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј

Нека Вашиот архипастирски пат биде осветлен со Божјата благодат. Достоен! Достоен! Достоен!“, објави Пецаков.

Пецаков присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија.

Тој објави статус со кој му го честита востоличувањето на челниот престол на Дебарско-кичевската епархија:

„Ваше Високопреосвештенство, Со искрена радост и длабока почит, Ви го честитам хиротонисувањето и востоличувањето на челниот престол на Дебарско-кичевската епархија. Нека Господ Ви дарува крепко здравје, мудрост и сила во Вашето ново служење, за доброто на нашата света Црква и спасението на верниот народ. Нека Вашиот архипастирски пат биде осветлен со Божјата благодат. Достоен! Достоен! Достоен!“, објави Пецаков.

To top