Република

Пецаков: Оркестрираниот и синхронизиран напад од страна на СДС и Левица врз мене го разбирам и ќе го издржам

Пецаков: Оркестрираниот и синхронизиран напад од страна на СДС и Левица врз мене го разбирам и ќе го издржам

Соработката по однос на координираните напади против мене на Левица и СДСМ на денешното гласање за нов спикер собрание, добија на интензитет, ова денеска преку статус на Фејсбук го напиша градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

„Така уличарот, шарениот револуционер, соработникот на Катица, катализатор на носењето на власт на платформата „живот за сите“ и естраден уметник Апасиев, рецитирал поезија за Таљат и Јован и ме спомнал мене..

Е сега вака, ко ќе ми ја пуштит по езеро Јован златната рипка по што ќе имам три желби, ќе ги искористам на следниов начин:

-желбата бр. 1 ќе ја искористам да посакам просперитет на Охрид и охриѓани и на цела Македонија!!

– желбата бр. 2 ќе ја искористам да му дајт на Димче господ ум и кувет и конечно уличарскиот речник, вадењето на полови мали органи на маса и омаловажувањето на македонскиот народ со таквиот речник да го замени, со достоинствен однос како што доликува на една држава како што е Македонија, но и на еден политичар кој што сака да е некаков фактор во земја која е цивилизациска лулка и земја која фолиранти и мики мауси ко него добро ги препознаваат…!!

– желбата бр. 3 ќе ја искористам да му посакам успешен настап и втора победа на евровизија, после првиот настап и победа која по многу параметри беше историска за одредени целни групи!!

Можам и да рецитирам ко него, ама ќе остам за во некоја друга прилика.

Оркестрираниот и синхронизиран напад врз мене, го разбирам и ќе го издржам.. Македонскиот народ е доволно интелегентен, да процени и за штетниците во самиот политички систем, но и за игрите кои во позадина и се случуваат веќе неколку години на Македонија. Во време кога Македонија ја води најнеспособната влада што некогаш владеела, да се занимаваш со опозицијата (како дел од „опозиција“) и тоа пазите при промена на спикер на Собрание, по повод формирање на техничка влада, говори за намерите и целта на постоењето на одредена партија како што е вашата!!

Ви благодарам за интересот и за се што правите изминатите години против мене, но јас ќе продолжам по вистинскиот пат, по патот за кој бев избран од охриѓани, по патот кој ќе донесе нови и убави ветришта за Охрид!!

И да не заборавам пак ќе ве газиме на избори, затоа што друг избор немаме!!

Ps. Крајот ви се ближи!!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

To top